ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кривокапиќ: Нема да поднесам оставка, владата на Црна Гора има поддршка

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, по денешната средба со американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, соопшти дека нема да поднесе оставка, дека неговата Влада има поддршка и оти договорот за владата зависи од политичките субјекти од парламентарното мнозинство.

„Оваа Влада преку испорачување резултати, кои се видливи и јасно препознатливи, доби безрезервна поддршка за продолжување на својот пат“, рече меѓу другото Кривокапиќ, пренесува РТЦГ.

Она што е најважно за Црна Гора, како што посочи, е дека оваа Влада има јасна визија која е ориентирана кон иднината.

„Како што беше истакнато во денешните разговори, тоа е да го зачуваме она што го имаме, а тоа е најголемото богатство кај нашиот народ, кој треба да ја гради својата среќа на овој простор. За тоа е потребен интензивен економски развој“, рече црногорскиот премиер.

На новинарско прашање, Кривокапиќ повтори дека нема намера да поднесе оставка, бидејќи Владата остварува резултати.

„Оваа Влада има резултати и се грижи за граѓаните, а не за политичарите, потенцираше црногорскиот премиер. Секоја друга опција, нови избори или нова влада би значело губење на шест месеци. Црна Гора нема толку време“ потенцираше Кривокапиќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.