ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кривични пријави за десеттемина дрвокрадци кои тепаа полицајци

Десетмина на возраст од 28 до 57 години заработија кривични пријави поради основано сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста.

Станува збор за случајот кога на 24 септември околу 20 часот биле сопрени за проверка од страна на полициски службеници на патот Прилеп – Велес. Полицајците запреле три патнички моторни возила без регистерски ознаки, а едното возило успеало да избега.Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва, кои од страна на полициските службеници биле одземени. Притоа наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пријавени лица, кои почнале агресивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило.

Првопријавениот со тврд предмет го нападнал полицискиот службеник Д.Ц., а потоа останатите пријавени ги нападнале неговите колеги, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух и пријавените се повлекле.

Повредениот Д.Ц. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а четири полициски службеници се со телесни повреди. Десетте пријавени лица се приведени и предадени на обвинителството.

Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43), С.М.(57), Ѓ.А.(21), Р.В.(30), Е.В.(29), И.В.(52), сите од Прилеп.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.