ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кривичната пријава за поранешниот премиер Ковачевски се однесува на други дејствија, велат од обвинителството откако и тој беше спомнат од МВР

Не е отфрлена кривичната пријава што ја поднесе МВР за експремиерот Димитар Ковачевски и за поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, а во Обвинителството ги проверуваат наводите на полицијата со објаснување дека станува збор за други дејствија.

-Двете лица се пријавени за сосема друг временски период и за други дејства, а на седницата на 6-ти јуни 2023 година, кога точка на дневен ред била наведената одлука, претседавал единствено сега осомничениот, одговорија од скопското Обвинителство.

МВР поднесе кривична пријава против 8 лица, но обвинителството отвори истрага за 6-мина.

Со пријавата за „Државна Лотарија“ е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби кој пред акцијата на полицијата ја напуштил државата и во Косово заминал со почесниот косовски конзул Арсим Папранику во дипломатско возило. Осомничен и е поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами. Се сомничат дека набавиле непотребни ВЛТ апарати за коцкање, во вредност од над 8 милиони евра.

За двајцата се уште се одлучува дали ќе им биде определен притвор, а и Груби и Бајрами се надвор од Македонија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.