ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кремљ: Се надеваме дека посетата на Бајден на Ријад нема да е против Русија

epa05931311 Kremlin spokesman Dmitry Peskov attends a meeting of Russian President Vladimir Putin with Japanese Prime Minister Shinzo Abe at the Kremlin in Moscow, Russia, 27 April 2017. EPA/SERGEI KARPUKHIN/ POOL

Официјална Москва се надева дека посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Саудиска Арабија нема да биде искористена за да се преземат антируски чекори, како што е обидот да се убеди Ријад да го зголеми производството на нафта додека цената расте, се наведува во соопштение.

Советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливен во понеделникот изјави дека Бајден оваа недела кога ќе се сретне со лидерите од земјите од Персискиот залив ќе побара од нив да го зголемат производството на нафта за да се намали цената на горивата, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков исто така изјави дека Русија, вториот најголем извозник на нафта по Саудиска Арабија, и најголем извозник на природен гас високо ја цени соработката со Арабија во групата водечки светски произведувачи, наведува британската агенција.

„Ние ги почитуваме договорите кои се постигнати во склоп на ОПЕК и високо ја цениме работата на нашите партнери. Ги почитуваме нашите односи со Ријад и секако се надеваме дека изградбата и развој на односите меѓу Русија и другите земји на ниеден начин нема да бидат насочени кон нас“ – рече Песков.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.