ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Крвавиот четврток“ го ниша мирниот азил на Груевски

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција преку Министерството за правда ќе бара проширување на барањата за екстрадиција на Никола Груевски и Никола Бошкоски, осомничени за 27-ми април

По допис од Кривичниот суд, денеска се очекува да биде закажана седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Ова уследи по вчерашната наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – за спроведување истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, по член 313 од Кривичниот законик.

На две од осомничените лица – поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски синоќа им беше одреден 30-деневен притвор. За Вељаноски судот не одреди никаква мерка на претпазливост, бидејќи тој се повика на пратеничкиот имунитет.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.