ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Крвава естрада: Овие ѕвезди ги поврзуваат со Веља Невоља

По приведувањето на старлетите Мими Оро и Тијана Ајфон, вистинска паника владее во естрадните кругови по апсењето на Вељко Невоља.

Во неговиот телефон наводно се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат и други познати личности.

Прва на удар беше популарната српска пејачка Ана Николиќ која наводно била блиска со луѓе кои одработувале за криминалната банда на Вељко Беливук.

Атрактивната поп-ѕвезда ја поврзуваат со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Невоља.

Полицијата наводно дошла до нови докази против него, токму по сослушувањето на Тијана Ајфон и Мими Оро. Се шпекулира дека кај една од нив се пронајдени експлицитни фотографии од жртвите.

Овие две девојки кои често ги има во медиумите наводно не се единствените од естрадата кои биле на платен список кај Вељко Беливук и одработувале за него по потреба.

Уапсениот Вељко го поврзуваа и со соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, со раперот Стефан Ѓуриќ Раста кој неодамна излезе од притвор, но и со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.