Кралицата Елизабета Втора е жива и здрава, но нејзиниот погреб е веќе испланран
Кралицата Елизабета Втора е во добра здравствена состојба, но монархијата, поради нејзината возраст и непредвидливата ситуација со пандемијата, изготви план за погребот доколку ненадејно почине наречен „Операција Лондонски мост“
Според новооткриените документи, Велика Британија има таен план за смртта на кралицата Елизабета Втора. (95), што вклучува погребна церемонија со премиер кој треба да се појави „спонтано“. Документите ја содржат и подготовката на градот доколку биде преплавен со ожалостени.
– Планот е направен на исклучително ниво, и ги вклучува речиси сите службеници – пишува Политико.
Премиерот Борис Џонсон (57) и неговите соработници треба да се сретнат со ковчегот на кралицата на станицата „Св. Панкрас“ а новиот крал Чарлс (72) тргнува на турнеја низ Британија во текот на денот пред погребот.
Кралската ПР служба ќе одлучи што службениците ќе можат да објавуваат и споделуваат на Твитер.
На денот на смртта на Елизабета (внатрешно наречен Ден Д), во првите часови, информаторот прво ќе го повика премиерот, а потоа, другите членови на државниот врв ќе бидат известени.
Планот, исто така, има за цел да ги спушти државните знамиња на половина копје во рок од 10 минути по известувањето за смртта.
Останатите денови до погребот се викаа Д + 1, Д + 2 .., до Д+10.
Официјалните социјални мрежи на монархијата, како што е веб -страницата на кралското семејство, ќе ја сменат позадината на страницата во црна со кратка изјава со која се потврдува смртта на кралицата. Црн банер ќе биде прикажан на веб -страницата на владата на Обединетото Кралство. Сите државни социјални страници ќе и оддадат почит на кралицата со црна боја и грб.
Погребот ќе се одржи десет дена по смртта на кралицата, а денот на смртта нема да биде прогласен за државен празник, така што работодавачите ќе можат сами да одлучат дали ќе им дадат слободен ден на работниците или не. Ова не е вообичаена практика во Велика Британија, каде што денот кога умира владетелот секогаш бил прогласуван за ден на жалост, но се чини дека нивната традиција се менува според новото време во кое живееме.
Според британскиот портал „Гардијан“, се очекува голем интерес од луѓето да се збогуваат со кралицата, и ќе има одредени денови кога отворениот ковчег на кралицата ќе биде положен во Вестминстерската палата, каде што ќе биде отворен за посетители три дена по 23 часа на ден.
На денот на погребот, армијата ќе оддаде почит со пукање во воздух, по што ќе се одржи традиционалната двоминутно молчење, а богослужбата ќе се одржи во катедралата Свети Георѓи во замокот Виндзор.
Според споменатите медиуми, Владата на Велика Британија е загрижена за се поизвесната можност смртта на кралицата да се случи наскоро и го поставува прашањето дали нивната земја ќе може да издржи таков тежок настан.