ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кој ќе ја плати штетата за опожарената Универзална сала?

Компаниите задолжени за реконструкцијата најавуваат дека ќе ја покријат предизвиканата штета, а можна е и замена на челичната конструкција на куполата.По пожарот кој ја пеплоса Универзалната сала во Скопје, паралелно со истрагата, се најавува и продолжување на градежните работи за обнова на концертната сала. Компаниите задолжени за реконструкцијата најавуваат дека ќе ја покријат предизвиканата штета, а можна е и замена на челичната конструкција на куполата, која што единствено остана на опожарениот објект, откако се урна стариот покрив.

„Во Универзална сала, изгореа елементи кои треба да бидат дислоцирани, а вредните елементи се извадени уште во 2021 година“, изјави Лазар Арсовски, од кoмпанијата „Универзал Балкан“ Скопје, која што ја врши реконструкцијата на Универзална сала, по средбата во Министерството за култура. Според него, не изгорела Универзална сала, туку материјал кој бил потребен за да се дислоцира од објектот.

Пожарот предизвика дополнителни проблеми
Станува збор за стари материјали како иверица, стар челик и стар алиминиум. Арсовски вели дека не е точно оти пожарот „им ја олеснил работата“ со расчистување на објектот. Сега работите се посложени, вели тој, бидејќи бил направен елаборат како да се отстрани стариот челик, кој сега е стопен и паднат долу и потешко ќе може да се извади. Со нов елаборат ќе треба да се бара начин како тој да се отстрани.

Тој најави дека двете компании задолжени за реконструкцијата ќе ја сносат секоја штета што е предивикана на теренот. „Секоја штета на новата челична конструкција, ќе биде заменета за нова“, вели тој.По истрагата – продолжува реконструкцијата
Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи и од Државниот инспекторат за труд кои извршија контроли и увид по пожарот. Полицијата повика тројца градежни работници на разговор, но тие беа пуштени бидејќи не постојат околности за нивно задржување.

Надлежните се децидни дека по завршувањето на истрагата, градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради во најбрз рок.

„Симболот на солидарно Скопје ќе биде современ и функционален простор за промоција на културата. Јавното обвинителство и МВР се на терен и ги истражуваат причините за пожарот, оставаме на стручните лица да откријат што се случило“, порача во четвртокот (11.04) министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.