ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ЗАЕВ ВО СДСМ – КОВАЧЕВСКИ ЗА ТВ24 ЈА ПОТВРДИ КАНДИДАТУРАТА

Откако СДСМ вчера ја утврди оставката на претседателот Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање, во владејачката партија се разгорува битката за наследникот на Заев. Прв кој и официјално ја најави и потврди своајта кандидатура е Димитар Ковачевски, актуелниот заменик-министер за финансии, член на Извршниот одбор на партијата, човекот кој Заев посредно го најави на средбата помеѓу него и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.   

Според извори на ТВ24, амбиции за прв човек на владејачката партија покажале и поранешниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, но и долгогодишниот член на партијата, дел од неколку претходни влади, Митко Андреевски. 

Во изминатиот период, Андреевски го придружуваше Заев на речиси сите средби со странски државници како се Ангела Меркел, Борис Џонсон, Емануел Макрон.    

А градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој во претходниот мандат беше кадар на СДСМ денеска изрази изненадување од, како што напиша тој на својот Фејсбук профил, игнорантскиот однос и моето континуираното неповикување на седниците на централен одбор на СДСМ.

„Ваквото непочитување на статутот, недостаток на демократски капацитет на дел од раководството, само ги потврдува моите сомнежи на лојалистичко-клиентелистичкиот пристап кој воведува нов феномен на марионетски лидерства. Членството е тоа кое во една демократска и транспарентна постапка на евидентирање и кандидирање на кандидати за иден лидер на партијата треба да го има главниот збор до конечниот избор како и до сега“ – рече Димитриевски.

Во синоќешната на моменти жестока дискусија на Извршниот одбор извори за ТВ 24 велат дека Заев во дуел со Шеќеринска и Спасовски кажал дека оние што сакаат тој да остане на позицијата претседател на СДСМ е само за да си ги задржат функциите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.