ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кој добива, а кој губи со членството на Македонија во НАТО?

A woman walks across a carpet with the NATO logo ahead of the NATO (North Atlantic Treaty Organization) summit, at the NATO headquarters in Brussels, on July 11, 2018. (Photo by GEOFFROY VAN DER HASSELT / AFP) (Photo credit should read GEOFFROY VAN DER HASSELT/AFP/Getty Images)

За повеќето поранешни социјалистички држави од Источна Европа, пристапувањето кон НАТО го означува нивниот влез во друштвото на западните развиени нации, пишува „Њујорк тајмс“, во пресрет на потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во Алијансата.

– Пристапувањето е добро за државите како што е Македонија. Тие добиваат безбедносна гаранција што е од корист за долгорочната стабилност и што ќе влијае врз начинот на кој другите држави ќе ја гледаат – вели Џереми Шапиро, директорот на Европскиот совет за меѓународни односи.

Најчесто следи поголема награда. Членството во воената алијанса честопати е поврзано со влезот во политичкиот и економски сојуз во Европската унија (ЕУ). Државите поминуваат низ значителни промени во рамките на евроатланстките интеграции, пред да се придружат на двете организации.

– Патот на Македонија кон НАТО претставува чекор назад за Русија, која се обидува да го наметне нејзиното влијание на Балканот, откако го загуби влијанието во Централна и во Источна Европа во изминатите неколку децении. Политичарите од Западот ја обвинија Русија за мешање во процесот за промена на името, со што тогашниот секретар за одбрана на САД, Џим Матис, во текот на неговата посета на Скопје изрази загриженост дека групи финансирани од Русија се обидуваат да го подриваат процесот – се наведува во анализата на американскиот весник.

Протоколот за членство на Македонија ќе биде потпишан денеска во Брисел, од страна на 29-те членки на Алијансата, за потоа да биде испратен во нивните државни законодавства за одобрување, процес што би можел да биде завршен во текот на годинава. Се очекува Грција прва да го потпише протоколот, со што Македонија ќе почне да го користи новото име.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.