ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Косово, Весели се сретна со преговарачкиот тим со Србија

Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, се сретна со претставници на државата кои ќе бидат дел од дијалогот со Србија. Тој рече дека средбата дала позитивни резултати, бидејќи имаат обединувачки став за самитот во Париз.

И покрај ова, за разлика од премиерот Рамуш Харадинај, кој донел децидна одлука за царината од 100% за српските производи, Весели рече дека одлуката ќе се донесе во соработка со Соединетите Американски Држави и партнерите од Европската Унија. Весели рече дека очекува САД во иднина да имаат подиректно учество во решавањето на проблемите со Србија. Претседателот на парламентот рече дека суверенитетот на Косово никогаш нема да биде дел од дискусиите.

„Никогаш нема да потклекнеме пред Србија и Вучиќ. Донесуваме одлуки според нашиот интерес како независна и суверена држава, со претпазливост и мудрост, според она што го вели САД и нашите партнери“, рече Весели

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.