ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Коснет: Курти да не се однесува како премиер на северна Албанија

Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет, му порача на лидерот на партијата Движење Самоопределување Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово, „да излегува на терен и да се среќава со граѓаните, без оглед на нивната припадност“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за косовската јавна телевизија РТК, Коснет рече дека Курти не треба да се однесува како премиер на северна Албанија.

– Албин Курти треба да излезе на терен и да се среќава со граѓаните, без оглед на нивната припадност, а не само со политичарите. Треба да им докаже дека ќе биде премиер на сите граѓани на Косово и да не се однесува како премиер на северна Албанија, изјави американскиот амбасадор.

Во врска со барањата за корекции на границите меѓу Косово и Србија, Коснет рече дека тоа никогаш не била американска идеја и нагласи дека Вашингтон ќе го поддржат секој договор кој ќе произлезе од консензус меѓу двете земји.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.