Корупциски афери, непотизам и партиски препукувања

Случајот „Феникс“ повторно се издигна и „Скопје 2014“ е на тапет. Од 15 мината осомничени за перење пари и злоупотреба наслужбената положба засега тројца се во пртивор а двајца во домашен, се очекува постапката да продолжи и за останатите осомничени. Поранешпниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ се изјасни дека не се чувствува виновен по маратонските испрашувања во судот каде се одлучуваше за мерките против осомничените..
Жешката политичка клима дополнително зовре со отворањето на Феникс – политичките партии ја искористија за обвинувања и контра обвинувања.. Денеска СДСМ ја обвини опозициската Вмро-дпмне дека е криминална партија која безмилосно го пљачкала народот под превезот на таканаречениот патриотизам. Велат дека проектот „Скопје 2014“ е мегакриминален проект чија реализација имала за цел перење пари и богатење на одредена група луѓе околу Груевски на грбот на народот и македонските великани. Бараат лидерот Христијан Мицкоски да поднесе оставка.
На трибината на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски напомена дека ова се обиди за дефокусирање на криминалот и корупцијата на СДСМ и ДУИ, со „вадење од нафталин теми од пред 10 или 15 години нема да им помогне ниту на СДСM, ниту на Ковачевски.“ Во меѓувреме не престануваат корупциските афери за семејството на Али Ахмети.
За случајот „Феникс“ од Унгарија се огласи и првоосомичениот, поранешниот премиер Никола Груевски, со обвинувања кон актуелната власт, потенцирајќи дека проектот „Скопје 2014“ се создавал со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите.
Зад оваа постапка стојат исплашени политичари, на чело со Заев кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката, од неговата партија СДСМ, но и од други партии. Едно треба да знаат, дека какво и зло сега да прават скриени како глувци зад провосудниот систем кого го контролираат и зад партиите, нема да успеат.
Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е еден од осомничените во случајот „Феникс“.. Поранешниот претседател на општинскиот совет Владимир Здравев, пак, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и на Тодор Делјановски, а едно лице е во бегство. Во „Феникс“ се опфатени 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од проектот „Скопје 2014“.