ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Копач: Домаќинствата се пазарна, а не социјална категорија, треба да се подготват за поскапување на струјата

Јанез Копач, претседателот на Комитетот на Европската енергетска заедница, по средбата со првиот регулатор Марко Бислимовски рече дека домаќинствата во Македонија треба да се подготват за неминовно поскапување на струјата според пазарните законитости. – Најлесно преживуваат во таква криза оние кои имаат домашно производство. Македонија полно зависи од увозот. Нема јаглен во Осломеј и Битола. 

Тоа не може да се реши за кратко време туку со нови инвестиции во гасни централи, сончеви панели и проекти како Чебрен. 

Ќе дојде до поскапување., а најважно е да се дефинираат ранливите потрошувачи за да им се овозможи помош. 

55 евра е производната цена на РЕК Битола а се продава за 36 евра за мегават час за домаќинствата. А тоа е дефицит. 

Кризата ќе биде тешка за сите иако Северна Македонија е најнапредна во енергетските реформи во регионот. 

Требаше да се инвестира во задните 10 години, а не се инвестираше. Сега многу работи само се планираат.

Последната голема инвестиција била во Југославија. Домаќинствата се пазарна а не социјална категорија. Таквото мислење остана само уште во земјите од регионот, рече Копач. 

Тој додаде дека Македонија треба да посвети и внимание на нергетската ефикасност бидејќи премногу се троши електрична енергија како и во гасификацијата на домаќинствата. 

Копач очекува во следните два месеци да биде намалена потрошувачката со мерки наметнати од државата а во април да паднат цените на гасот од кој се создава струја и ситуацијата да се стабилизира. 

Бислимовски додаде дека поскапувањето на електричната енергија ќе биде прецизирано откако големите енергетски компании ќе ги направат набавките. 

– Еден тендер за набавка на загуби треба да направи МЕПСО, еден Електродистрибуција и еден ЕВН хоме за домаќинства. По овие тендери ние ќе знаеме колкави треба да бидат поскапувањата, рече претседателот на Регулаторна комисија за енергетика. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.