ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Конте: Нема да дозволиме Франција и Германија да ни се потсмеваат

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека Германија и Франција им се потсмеваат на Италија и на Европската Uнија со договорот меѓу овие две земји, чија цел е Германија да добие постојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дела сера“, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Тие исклучиво размислуваат за сопствените национални интереси“, ја цитира весникот изјавата на Конте.

„Ројтерс“ потсетува дека лидерите на Франција и Германија во вторникот потпишаа нов договор, со порака дека приоритет на германско-француската дипломатија ќе биде тоа Германија да стане постојан член на Советот за безбедност на ОН.

„Сигурно нашите сојузници не веруваат дека ние ќе седиме и молчиме и ќе се залагаме за одлуки што други ги донеле“, рекол Конте

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.