ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Контејнери полни со кокаин фатени на патот кон Босна и Херцеговина

Најголем дел од кокаинот вреден 50 милиони евра, кој во меѓународна акција беше запленет  од италијанската полиција требаше да заврши на пазарот во Босна и Херцеговина, пишува порталот Независне од Бања Лука. 

Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на БиХ проведе две лица, a во оваа голема меѓународна акција приведени се поголем број на луѓе од Италија, Црна Гора, Македонија и БиХ.

Со оваа акција пресечен бил голем синџир на организиран шверц на дрога за кој најпрво дознала италијанската полиција, која во соработка со колегите од другите земји ја следела оваа голема пратка на кокаин.

Дознаваме, дека во едно пристаниште во Италија полицијата заплени неколку контејнери полни со кокаин кој требал да биде пратен во Бар во Црна Гора, a потоа во Македонија и БиХ.

Полициски извори за порталот Независне потврдиле дека од контејнерите биле извадени 970 пакети тешки 1.128 килограми, а лажна пратка со еден килограм дрога била запечатена заедно со систем за следење за да се утврди за каде е наменета така голем количина кокаин.

Во пристаништето Бар по оваа пратка стигнале шест камиони, од кои четири биле од Македонија. Наместо кокаин во овие камиони имало само еден килограм оставен намерно од италијанската полиција. 

Два празни камиони без кокаин продолжиле во БиХ, следени од полицијата.

Од СИПА потврдуваат дека учествувале во оваа меѓународна акција на разбивање на шверц со дрога, дека две лица се приведени, а повеќемина биле претресени, но не даваат детали за тоа чии биле камионите што влегле во БиХ.

Дознаваме дека македонската полиција има документ од странските партнери дека крајна дестинација на 1,2 тони кокаин била Македонија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.