ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Конзорциумот на ЕВН избран за универзален снабдувач на електрична енергија

Конзорциумот ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје понуди најниска маржа од 11.5% и со тоа ги исполни условите да стане најповолен понудувач за универзален снабдувач на електрична енергија, соопшти Владата.

Универзалниот снабдувач како механизам со којшто се штити интересот на граѓаните на Република Северна Македонија и се обезбедува домашното производство на електрична енергија да стигне кај граѓаните по најповолни услови и цени и на тој начин се заштитуваат граѓаните од можните ценовни шокови, станува реалност. На јавното наддавање на тендерската постапка за универзален снабдувач при што од првичната понудена бруто маржа од 14.4% како почетна цена на аукцијата, цената се намали за скоро 30% и последната понудена бруто маржа изнесува 11.5%. Со ова се гарантира дека најголемиот бенефит останува за граѓаните. – соопшти вицепремиерот Анѓушев.Според Анѓушев, либерализацијата на пазарот на електрична енергија ги дава економските бенефити во корист на потрошувачите. Во таа насока вицепремиерот додаде дека сите снабдувачи на слободниот пазар треба да се борат со помали маргини и да ги задоволат условите на тендерската постапка што ќе обезбеди поповолна цена за граѓаните.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.