Комерцијална банка оствари добивка од две милијарди денари
Денеска, 04.04.2019 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.
Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2018 година со бруто-добивка во износ од 1.992,7 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 212,4 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 1.780,3 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.780,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 42% од номиналната вредност на акцијата, односно по 420 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 500 милиони денари да се издвои во резерви, а 323 милиони денари во задржана добивка.
На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2018 година, како и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берзаво 2018 година