Колку за што треба да се плати?
Поминаа 15 дена откако на сила стапи новиот закон за данок на моторните возила кој ги заменува акцизите, а и понатаму во јавноста за нив владее голема непознаница, главно околу тоа колку за што треба да се плати. Причината е комплексноста на пресметката која зависи од повеќе фактори, меѓу кои главни се цената на возилото, видот на гориво што го користат и емисијата на јагленород диоксид. За да нема многу дилеми околу висината на давачките, македонската царинска управа воведе он-лајн калкулатор за нивна пресметка. Сé што треба да направите е да ги внесете основните податоци за возилото што сакате да го купите и ќе ја добиеме сумата со која државата ќе ве задолжи.
Калкулаторот за новиот данок на моторни возила можете да го најдете на следниов линк.