ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кои се староновите членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка?

Акционерите на Комерцијална банка на претстојното Собрание покрај другото треба да изгласаат уште еден мандат за членовите на Надзорниот одбор. Предложените кандидати се бизнисмени и универзитетски професори и се актуелни членови на Надзорниот одбор на банката.

Банката оваа информација ја сподели на сајтот на Македонска берза.

Сава Димитрова која беше досегашен претседател на Надзорниот одбор на Комерцијална банка е долгогодишен директорка на фабриката за чоколади „Европа“ е предложена за уште еден мандат. Таа поседува 425 акции на банката.

Од бизнисот доаѓаат досегашните членови на Надзорниот одбор, градежниците Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми. И двајцата не поседуваат акции на Банката на свое име, но компаниите во нивна сопственост поседуваат добар дел од акциите во банката. Градежната компанија Адора Инженеринг чиј сопственик е Чифлиганец поседува околу 11% од акциите, додека Етеми кој е управител на ЗСФ-КОМ, компанија која има удел од над 12% од вкупниот број на акции на банката.

Од кондиторската индустрија доаѓа уште еден член на Надзорниот одбор на Банката, Сашо Наумоски. Тој е извршен директор на Витаминка и е сопственик на 3.489 акции.

Бизнисменот Горан Антевски инаку управител на електро сектор Раде Кончар – ТЕП, поседува 2.616 акции во Комерцијална Банка и е актуелен член на Надзорниот одбор.

Академик Таки Фити, беше досегашен заменик претседател на одборот. Тој е професор на Еконосмкиот факултет на УКИМ и поседува 112 акции во банката.

Александра Максимовска- Стојкова редовен професор по финансово право и финансии на Правниот факултет исто така е досегашен член и е повторно предложена во Надзорниот одбор.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.