Кои би биле првите потези на бајден по преземањето на функцијата?
Се уште непотврдениот победник на претседателските избори во САД Џо Бајден најави неколку промени доколку и официјално седне во претседателската фотелја.
Неговиот тим изјави дека врвен приоритет на почетокот на мандатот ќе биде борбата со коронавирусот , односно ќе го зголемат тестирањето,ќе се зголемува производството на заштитни маски и опрема и на луѓето ќе им биде одредено задолжително да носат заштитни маски; Дополнително се составува тим од 12 експерти за борба против коронавирусот.
Тие воедно изјавија дека ќе поништат и неколку клучни одлуки кои беа донесени од претходната администрација како
1.Повлекувањето од Парискиот климатски договор кој стапи на сила од минатата Среда.
2.Излегувањето од СЗО во екот на пандемијата.
3.Забраната за влез на граѓани од 7 земји со претежно доминантно муслиманско население.
4.Враќање на мигрантската политика од времето на Обама за доделување на легален статус на мигранти кои влегле во САД како деца.
Во однос на Балканот и Македонија, очекувањата се дека со Бајден ќе се зајакне европската перспектива.. Во интервју за” Гласот на Америка”, поранешниот американски заменик помошен секретар и дел од Изборниот штаб на Бајден, Хојт Хи изјави дека доколку администрацијата предводена од Бајден и Харис издвои победа силно ќе ја подржат интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
„Јас цврсто верувам дека Бајден ќе биде шампион во интеграцијата на Македонија во ЕУ. Ова секако е одлука што треба да ја направи Европската Унија. САД не можат да ја наметнат нивната волја, но, веруваме дека ги делиме истите цели со повеќето европски држави. Сакаме да ја видиме Македонија интегрирана во европските институции. Очекувам Бугарија и остатокот од ЕУ да најдат начин да ги надминат проблемите, за да може Македонија да ги почне преговорите што е можно побрзо“ изјави Хојт Ји
Иако Бајден прогласи победа неговиот противкандидат, досегашниот претседател Доналд Трамп сеуште официјално не му ја честитал победата и најави дека изборната битка ќе ја води на суд.