ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кога некој се сомнева дека Американците ја посетиле Месечината, НАСА го сфаќа тоа сериозно…

Дванаесет американски астронаути почнувајќи од Нил Армстронг, чекореа на површината на Месечината во периодот од 1969-та до 1972-ра година.

Кога НБА ѕвездата Стеф Кари, еден од најдобрите кошаркари на светот во изминатите неколку години, јавно ќе изрази сомнеж дека астронаутите чекореле на Месечината, НАСА тоа го сфаќа многу сериозно.

Како и многу навивачи на Голден Стејт, исто така и НАСА дозна дека Кари на социјалните мрежи изрази неверување дека астронаутите навистина ја посетиле Месечината. Поради тоа, портпаролот на американската вселенска агенција веднаш му испрати порака на кошаркарот.

Би биле среќни кога господинот Кари би ја посетил лунарната лабораторија во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон. Можеби на следното гостување на Голден Стејт во нашиот град“, порача портпаролот на НАСА, Алард Беутел.

„Таму имаме стотина килограми на лунарни камења како и контролен центар на мисијата „Аполо“ и во текот на посетата ќе може со свои очи да го види тоа што ние го видовме пред 50 години“, изјави Беутел.

НАСА има посебна интернет страница за сите оние кои што не веруваат дека астронаутите на американската вселенска компанија не слетале на Месечината. Покрај разни аргументи, НАСА ја има објавено и честитката на Советскиот Сојуз, тогашниот главен „непријател“ и конкурент во вселенската трка, во која Советите им честитаат на Американците за успешното слетување на Месечината.

Стеф Кари одговори преку својот профил на Твитер – со насмеана емотикона со очила за сонце, а американските медиуми пренесуваат дека кошаркарот наскоро ќе ја посети и лабораторијата на НАСА.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.