Кога, каде, со кого… Жална вест: Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа
Порталот www.svet.rs ја пренесе веста за смртта на популарниот пејач Шабан Шаулиќ, кој загина во сообраќајна несреќа во Германија.
Имено, Шабан со автомобилот тргнал кон аеродромот од каде што требало да полета за Србија. Со автомобилот управувал возач, а освен Шабан, внатре биле неговиот кум Бобан, кому му се скршени три ребра, и музичарот Мирсад Кериќ, кој е во тешка здравствена состојба.
Како што јавуваат германските медиуми, пијан возач на автомобилот „мазда“ удрил во автомобилот на пејачот. Иако лекарите дале се’ од себе да го спасат „кралот на народната музика“, не успеале.
Во полицискиот извештај стои дека двете возила слетале од патот и удриле во банкините, а иницијалните извештаи гласеле дека три лица од возилото „сеат ибица“ се повредени.