Ковид-19: Хоспитализирани се 1 224 пациенти, ако има потреба, ќе се отворат нови оддели на две клиники

Во болниците низ земјава, заклучно до денеска наутро, хоспитализирани се вкупно 1 224 пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19. Од нив, 520 се лекуваат во ковид-центрите во главниот град, а останатите 704 во внатрешноста.
Засега, на ниво на држава во ковид-одделенијата слободни се нешто повеќе од 300 кревети, а од Министерството за здравство најавуваат дека ако има потреба ќе се отворат и два дополнителни оддели со капацитет од 50 легла на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за торакална хирургија.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 704 пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот.
Само во последните 24 часа во Скопје се хоспитализирани 63 нови пациенти.
Во моментов на Инфективната клиника има 137 пациенти, во Градската општа болница „8 Септември“ 108, а на интерните клиники на ТОАРИЛУЦ се лекуваат 234. Во детската болница во Козле, пак, има 34 пациенти, а на Клиниката за гинекологија се хоспитализирани 7 позитивни пациентки.
Кога станува збор за ковид-одделенијата во болниците во внатрешноста, најмногу хоспитализирани има во Прилеп 107 и во Куманово 102.
Во останатите градови состојбата е следна: Охрид 91, Битола 73, Кавадарци 66, Велес 57, Штип 48, Струмица 41, Тетово 30, Гостивар 30, Струга 20, Гевгелија 16, Кичево 10 и Кочани 8 пациенти