ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ковид-19 замина од Дебар, излекуван е и последниот заболен

Последните два случаи на коронавирус во Дебар беа регистрирани на 16 април и оттогаш бројката во овој град „застана“ на 51. Четворица од заразените починаа, така што излекувани се 47 пациенти

Нема веќе активни случаи на ковид-19 во Дебар – општината од каде што, всушност, почна да се шири епидемијата во земјава и која поради тоа беше во карантин, заедно со Центар Жупа.

Меѓу 69 пациенти што велегоа во денешната статистика на Министерството за здравство како излекувани од коронавирусот, еден е од подрачјето на Дебар. Тоа е, воедно, последниот заболен од овој град, каде што веќе подолго време нема нови случаи на ковид-19.

Во текот на април во Дебар беа регистрирани само два случаи на ковид-19 и тоа во првата половина на месецот, додека во земјава во тој период рапидно се зголемуваше бројката на заболени.

Последните два случаи на коронавирус во Дебар беа регистрирани на 16 април и оттогаш бројката во овој град „застана“ на 51. Четворица од заразените во Дебар починаа, така што излекувани се 47 пациенти.

Освен Скопје, Куманово и Прилеп, каде што бројките на заразени од ковид-19 се троцифрени, сега и во Тетово (84), Велес (77) и Струга (66) има повеќе случаи на коронавирус во споредба со Дебар.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.