ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ковачевски ѝ ја нуди и премиерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, ако опозицијата има човек што ќе застане зад уставните измени

Владини извори велат дека сега е важно ВМРО-ДПМНЕ да ги консолидира своите позиции по минатонеделната лидерска средба и се надеваат дека опозициската партија ќе „остане во процесот“ за успешно спроведување на уставните измени со кои Бугарите и деловите од други народи треба да бидат вклучени во Уставот
Димитар Ковачевски му дал неколку опции на Христијан Мицкоски кога му ја испратил поканата за лидерската средба која се одржа минатата недела, брифираат високи владини извори. Тие опции биле – да се сретнат сами во формат еден плус нула или, пак, со по еден или по двајца придружници, односно формат еден плус еден или еден плус два. Мицкоски ја избрал опцијата, да се видат насамо.Тоа значи дека од средбата и од тоа што е кажано на неа остануваат само двајцата сведоци, кои имаат различни толкувања на тоа што точно се кажало. Но, различни се толкувањата и за кажаното на прес-конференциите по средбата, иако на нив посведочи целата јавност.

Ковачевски ја дава и премиерската фотелја
Од Владата денеска брифираа дека остануваат на ставот дека Мицкоски направил големо поместување во однос на своите претходни позиции – дека по никоја цена нема да прифати уставни измени за додавање на Бугарите. Фактот што опозицискиот лидер зборува за услови под кои би ги поддржал измените, за власта е јасен сигнал за промената на ставот. Впрочем, потсетуваат високи претставници на владејачката гарнитура, во не толку далечното минато опозицијата протестираше против т.н. француски предлог и тврдеше дека нема да го прифати под никаков услов, а пратениците потпишуваа изјави дека никогаш нема да гласаат „за“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.