ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ковачевски утре ќе свика лидерска средба за 7 ноември

Целта на лидерската е да се разговара за европската иднина на државата и за одлуките што треба да се носат во иднина во Собранието, како што се уставните измени

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, утре ќе испрати покана за лидерска средба со претседателите на сите партии застапени во парламентот за 7 ноември во 12 часот, соопштија од владината прес-служба.

Средбата, според најавата, е предвидено да се одржи во Собранието, а целта да се разговара за европскиот пат на земјава како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк консензус, како што се уставните измени со кои Бугарите и други народи ќе се внесат во Преамбулата од Уставот.

„Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус“,

велат од Владата.

Иницијатива за лидерска средба изминатите денови покажаа и опозициските партии од албанскиот блок кои веќе јавно излегоа со услов дека ќе поддржат уставни измени доколку меѓу нив биде и промена на формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“.

Од Беса најавија и дека како партија ќе испратат покана прво до партиите од албанскиот блок за средба на оваа тема.

Беса денеска ќе ја испрати поканата за средба до албанските партии за прашањето „20 отсто“ во Уставот

https://360stepeni.mk/besa-deneska-ke-ja-isprati-pokanata-za-sredba-do-albanskite-partii-za-prashaneto-20-otsto-vo-ustavot/embed/#?secret=wMHbvi4DB8#?secret=mQsVL3hNfk

Премиерот Ковачевски, пак, во последните негови јавни настапи неколку пати повтори дека добро е што се отворила дебата во јавноста и оти е потребно да се седне на заедничка маса и да се разговара.

„Добро е што се разговара за уставните измени, гледате дека се отвори дискусија. Сметам дека тоа треба да биде процес кој се одвива како и досега, низ процедура која е пропишана со нашите закони. Штом ќе биде отворена таква процедура кога ќе се види дека има консензуална волја тоа да се направи, а гледам дека сите политички партии веќе имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури и оние кои беа изречно против сега кажуваат дека врз основа на одредени услови би поддржале уставни промени. Сметам дека треба да се седне на маса, сите политички партии, да го кажат својот став во однос на уставните промени и да може на крајот да се дојде до решение кое ќе биде прифатливо за сите“,

рече Ковачевски пред една недела.
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.