ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ковачевски и Мицкоски на средба ќе ги договараат деталите за техничката влада

Премиерот Димитар Ковачевски ќе го кани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да разговараат за ресорите во техничката влада.Кога таа би се одржала, Ковачевски не откри, но кажа дека тоа нема да биде помпезна лидерска средба туку нормална комуникација за да се договорат деталите за техничката влада која повтори дека е законска обврска на партиите. Кога точно ќе ја поднесе оставката не се знае, но вели дека ќе ги испочитува законските рокови за владата задолжена за организација на изборите да биде избрана на 28 јануари.

-Секако дека ќе имаме состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сметам дека тоа е најнормална комуникација, во која што ќе бидат разговарани овие теми. Меѓутоа, сепак не се работи за нешто што може да има слободно толкување, се работи за законска одредба во однос на ресори и позиции коишто секои од партиите застапени во Парламентот согласно законското решение ги пополнува., истакна Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ се очекува следнава недела да донесе формална одлука за учеството во т.н Пржинска влада. Иако дел од потпретседателите и високи функционери на партијата јавно говорат дека треба да номинираат партиски претставници во таквата влада за да се обезбеди фер изборен процес.

Коментирајќи ги заклучоците на ЕУ со кои Македонија може да продолжи по европскиот пат единствено со усвојување на уставните измени, премиерот Ковачевски ден по враќањето од Брисел како одговорни за таквиот исход ги посочи единствено ВМРО-ДПМНЕ и нивната блокада.

Иако беше најавено уште од април, се поизвесно е дека корекција на функционерските плати кои се зголемија за 78 проценти нема да има. Владата најави системско решение за нивно намалување, но законски измени не се најдоа пред пратениците во Собранието. Премиерот Ковачевски смета дека треба да се најде решение за платите на функционерите кое ќе биде уставно издржано. Според него има работна група која работи на проблемот, но потребна е усогласеност од сите чинители која засега ја нема.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.