ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ковачевски вели не е наше да се мешаме кому Бугарија ќе издаде државјанство или ќе подари стан

Ваковиот став на премиерот следува по најавите на бугарското Министерство за надворешни работи дека наскоро на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, ќе му биде издадено бугарско државјанство. Како што најави МНР на Бугарија, на Пендиков ќе му биде обезбеден и стан во кој ќе може да пресотјува додека е во земјата, а можно е да добие и свое лично обезбедување

Бугарските власти можат да издадат државјанство или да подарат стан на кого било, а ние не можеме да се мешаме во нивните одлуки и активности кои ги преземаат, исто како што никој не може да се меша кај нас доколку ние решиме да го направиме тоа со некој граѓанин.

Ваков е ставот на премиерот Димитар Ковачевски во врска со најавите на бугарското Министерство за надворешни работи дека наскоро ќе му биде издадено бугарско државјанство на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, кој по претепувањето во Охрид кон втората половина на јануари со бугарски владин авион беше пренесен на лекување во болница во Софија.

Освен бугарско државјанство, бугарското МНР најави дека на Пендиков ќе му обезбеди и стан во кој ќе биде привремено сместен додека е во Бугарија, а можно е да добие и свое лично обезбедување зашто, како што изјави шефот на бугарската дипломатија, Пендиков стравувал за својот живот доколку се врати во Северна Македонија.

„Што се однесува до активностите кои ги има Бугарија во рамки на својата држава и во рамки на надлежностите на нивните институции ние тука не можеме да се мешаме дали тие некому ќе дадат државјанство или ќе подарат стан, исто како што никој не може да се меша кај нас доколку ние решиме да го направиме тоа со некој граѓанин“,

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.