ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата нема намера да ги прогласи за персона нон грата бугарските политичари Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов.

Владата нема намера да ги прогласи за персона нон грата бугарските политичари Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов за последните антимакедонски и иредентистички изјави кои викендов ги упатија од одбележувањето на 95 годишнината од смртта на Мара Бунева, во Центарот на Скопје.. Премиерот Ковачевски, смета дека доколку би донеле таков акт, би им направиле услуга на, како што ги нарече, политички маргиналци кои не се популарни ниту во својата земја… Нивната цел, вели, е единствено да ја вознемират јавноста и со провокации да ги поткопуваат добрососедските односи. Смета дека МНР соодветно реагирало во нотата до официјална Софија.

-Целта на секој политички маргиналец е да стане популарен преку вакви активности. Нема да им ја исполнам желбата да станат популарни бидејќи тие не се популарни ниту во своите држави, таму не можат да влезат во Парламент. Политички маргиналци јас нема да ги правам сензација со тоа што ќе носиме специјални одлуки за нив. Политичките маргиналци од соседна држава ќе ги оставам да разговараат со политички маргиналци од нашата држава, бидејќи ги гледам дека имаат исти знамиња и исти претседател на партија шетаат на своите протести, рече премиерот.

По реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, денеска и Демократскиот сојуз побара Џамбаски и Костадинов да бидат прогласени за непожелни во земјава, поради нивните шовинистички и сепаратистички изјави. Според лидерот на партијата Трајанов потребно е МВР и АНБ да преземат мерки согласно законскитe надлежности против ваквите активности, а државата соодветно да реагира. “What Happens If You Don T Go To Timeshare Presentation – CancelTimeShareGeek.com

– Неприфатливо е, ниту европски, ниту цивилизациски да доаѓаат овде бугарски пратеници и да го негираат постоењето на македонскиот народ и држава. Тие поттикнуваат говор на омраза. Треба соодветна државничка реакција од страна на Македонија. Ваквиот подреден однос, ако ние не ги прогласиме персона нон грата дека градиме добри односи, тие не се маргинални личности во Бугарија, бидејќи нив ги бирал бугарскиот народ и тие станале преку избори европратеници, имаат високи позиции во Бугарија и во ЕУ, изјави Трајанов за Канал 5.

Македонското МНР викендов побара од официјална Софија да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните во Македонија и сериозно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји, но до овој момент нема никаква реакција од бугарските власти, ниту пак оградување.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.