Клуч за угостителските објекти, полицискиот час ќе почнува во 20 часот
Наредните две недели македонските граѓани ќе живеат под строги рестриктивни мерки. Полицискиот час од утре (6.04) ќе започне два часа порано. Мерките ќе траат до 20 април.Наредните две недели македонските граѓани ќе живеат под строги рестриктивни мерки. Полицискиот час од утре (6.04) ќе започне два часа порано. Мерките ќе траат до 20 април.
„Целта е да ги одмориме здравствените работници, кои деноноќно се во битката за спасување на животите на пациентите“, порача денеска премиерот Зоран Заев.
Според министерот за здравство, Венко Филипче, земјата се соочува со бран којшто е предизвикан од мутација, која е различна од вирусот и бранот од ноември. „Имаме голем број на пациенти кои се хоспитализирани во болниците, лекувањето трае нешто подолго од претходно, и тоа создава дополнителен товар за сите здравствени установи и работници. Сегашните мерки кои беа на сила не дозволија раст, сепак, е огромен бројот на новодијагностицирани, огромен број на хоспитализирани и сметаме дека празниците може дополнително да ја комплицираат ситуацијата“, вели министерот и додава: „Имаме една клиничка слика на болеста која е различна од претходната. Хоспитализацијата трае подолго, за разлика од претходно кога по 14 дена веќе немаше опасност за пренос, сега имаме влошување во 12, 13, 14 ден од лекувањето, на форма која навистина ретко се гледа – влошување на белите дробови, на крвта и, за жал, завршува лошо. Претходно беа хоспитализирани 7%, сега со овој сој се хоспитализирани 11-12 проценти“.