ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Клиниката за кожни болести отворена за пациенти

По три недели, Клиниката за кожни болести, е отворена за пациентите. 

Оваа болница, претходно заврши со клуч на врата, бидејќи екс директорката на оваа здравствена установа Нина Цаца Биљановска, со симптоми на корона вирус цела недела одела на работа, откако била во Италија на скијање. Таа не ги почитувала препораките за двенеделна самоизолација, па дури и им предавала на Симпозиум на стотина лекари во скопски ресторан.

Според тврдења на нејзините колеги, поранешната директорка  ги имала симптомите на Ковид 19 и продолжила да оди на работа, а ним им се заканувала со откази доколку ја пријават.

По ваквите сознанија, Кожната клиника експресно беше затворена, а сите оние кои имале контакт со неа завршија во домашна изолација. Дел од нив се тестирани, а досега, според изјавите на министерот Филипче, само шестмина се позитивни на корона вирусот.

Поранешната директорка се уште е хсопитализирана на Инфективната клиника.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.