КИФ: Економските случувањата во Европа ќе се одразат и кај нас, засега нема најави за отпуштања
Економските случувања во Европа ќе се одразат и во земјава и регионот, но бизнисот е подготвен да се справи со предизвиците.Потребно е час поскоро замјите од Западен Балкан целосно економски да се интегрираат и да се елиминираат сите пречки за стопанска соработка – ова беше пораката која денеска ја испратија претсавниците на Коморскиот инвестициски форум, на состанокот в Скопје. Засега и покрај предизвиците и ситуацијата во Германија, како позитивно го оценија тоа што засефа нема најави за отпуштање на работници, туку напротив велат има потреба од работна сила.
„Бизнисот е како велосипед ако го вртиш ќе дава резултат, ако не ќе падне, ние сакаме тој велосипед да го убрзаме, бидејќи тоа дава стабилност…. Ние правиме се за да ги убедиме и структурите тука и структурите во регионот дека мора економиите на Западен Балкан да меѓу себе ја згоелмат соработката меѓу себе затоа што сите тие се мали, како да вртиш да превртиш сите тие мали и не можат конкуретно способно да се носат на пазарите..“ -изјави Бранко Азески – претседател на Стопанската комора.
Од Коморскиот инвестициски форум велат план постои ќе направат се што е во нивна моќ да се олеснат процедурите и условите за креирање на бизнис не само во регионот туку и пошироко, нагласувајќи дека овој форум е многу значаен механизам за сите држави членки, бидејќи е креиран од приватниот сектор и бори 375 000 претпријатија кои вработуваат околу 7 милиони луѓе.
„Предвидуваме конретни чекори кои на нашите претпријатија и бизнис за да излезат на пазарот… И промоција на државите на Западен Балкаан како пријателски насторено опкружување за отворање бизнис….“ -изјави Лулзим Рафуна – претседател на Коморски инвестициски форум.
„Мислам дека во соработката на коморите на земјите од Западен Балкан треба да повелече поголема соработка и со другите земји од Западен Балкан. Никој не може за жал со сигурност да предвиди што ќе се случува со глобалната економија ние можеме да направиме се од наша страна…. Факт е дека Европа се соочува со предизвици и факт е дека тоа ќе се одрази врз целиот регион… “-изјави Ахмет Егрлиќ – Претседател на надворшно-трговска комора на БИХ.
Заклучокот е дека сепак предизвиците од надворешните фактори кои не можат да се предвидат остануваат. Промената на власта во САД, изборите во Германија, војната во Украина, се само дел од причините за економска неизвесност. А како позитивно од КИФ засега го оценија фактот што во Европа не се дискутира за покачување на цената на струјата и гасот.