Кина ја одобри својата втора вакцина против корона вирусот за широка употреба
Кина издаде дозвола за поширока употреба на својата втора домашна вакцина против корона вирус „синовак“. Тоа значи дека сега може да ја примат и лицата кои не спаѓаат во ризична категорија, но и оние кои не се припадници на одредени рпиоритетни групи.
Од Националната администрација за медицински производи ја потврдија оваа информација појаснувајќи дека условното одобрение значи дека вакцината сега моѓе да биде и пошироко применувана иако испитувањето и понатаму е во тек. Компанијата е задолжена да ги проследи понатамошните резултати како и испитувањата за ефектите на вакцината по продажбата на пазарот.
„Синовак“ вакцината е продадена во десет други земји и се применува во најмалку пет држави. Во Кина минатиот јули доби дозвола за итна употреба, со што беше овозможено да ја добијат здравствените работници и државните службеници.
Ова е втора вакцина која доби одобрение во Кина откако Пекинг ја одобри вакцината „синофарм“, во декември лани.
Двете вакцини се засноваат на традиционалната технологија што значи дека нивниот транспорт и чување е поедноставно во однос на „Фајзер/Бионтек“ вакцината која бара многу ниски температури при чување и транспорт, пишува Си-ен-би-си.