Кина претстави модел на вселенската станица што ја гради
Кина ја претстави репликата на она што се надева дека ќе биде првата кинеска вселенска станица со постојан екипаж, проект кој ги симболизира вселенските амбиции на Пекинг.
Модулот, висок 17 метри, како голема атракција, беше претставен на главната кинеска изложба за воздухопловство во крајбрежниот град Џухај на југот на земјата.
Модулот го претставува животниот и работниот простор на идното вселенско летало Тиангонг, што значи Небесен дворец.
Вселенската станица, опремена со соларни панели, е предвидено да содржи уште два модули за научни експерименти.
Кинеските планови предвидуваат 60-тонската орбитална лабораторија да има постојан екипаж од тројца членови, кои ќе спроведуваат биолошки и микрогравитациски истражувања.
Завршувањето на вселенската станица се очекува околу 2022 година и е предвидено да има животен век од 10 години.
Кина потроши милијарди долари на воената вселенска програма, која планира да испрати луѓе на Месечината околу 2036 година.
Меѓународната вселенска станица, која е соработка меѓу САД, РУсија, Канада, Европа и Јапонија, е во функција од 1998 година, но нејзиниот животен век истекува во 2024 година.