КИЛОМЕТАРСКА КОЛОНА ВОЗИЛА: Кој бега од Грузија во Русија?
Колони автомобили од Грузија бегаат во Русија, по насилните протести, објави весникот Известия. Колоната е долга 4 километри, а луѓето со часови чекаат да влезат во Русија.
Стотици автомобили со грузиски и руски регистарски таблички се наредени пред контролниот пункт Верхниј Ларс, пишува весникот, цитирајќи сведоци.
Грузискиот воен автопат – планински пат што го поврзува рускиот град Владикавказ со главниот град на Грузија, Тбилиси – беше повторно отворен откако неколку дена беше затворен за сообраќај поради лавини. Законот беше оценет дека е во „руски стил“, а граѓаните се бесни. Владата го повлече законот, но опозицијата повика и натаму да има протести.
Тбилиси оваа недела беше потресен од насилни протести кога илјадници луѓе излегоа на улиците за да го осудат нацрт-законот на земјата за странски агенти. Уапсени се најмалку 76 лица, додека околу 50 полицајци се ранети. Повредени има и меѓу демонстрантите.
Вирална стана фотографијата на која се гледа како Грузијка го вее европското знаме и покрај тоа што млаз од воден топ ја удира во лицето.
Децата на загинатите грузински бранители за време на инвазијата на Русија во 2008 година, се обратија и рекоа дека не сакаат модел сличен на Русија.
Кога Русија почна да мобилизира луѓе за војната во Украина, многу руски граѓани избегаа во Грузија. Грузијците стравуваат дека ако тие луѓе останат да живеат во Грузија, државата ќе има проблеми со Русија.
Руски државјани на јутјуб објаснуваа дека имале непријатности во Грузија и тврдат дека во ресторани им наредувале да ги соберат своите работи и да си одат. Се жалеа дека имало навредливи графити за рускиот претседател Владимир Путин и Русија. Руските државјани се советуваат дека Аргентина е земја каде можат да заминат без виза.