Катица Јанева одлучи да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски
Шефицата на СЈО Катица Јанева одлучи да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од предметот “Титаник 3”.
Ова доаѓа откако адвокатите на обвинитите Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на денешното рочиште побараа изземање на обвинителката Фетаи затоа што е скарана со Јанева, по што барањето беше испратено на одлучување во СЈО, но одлуката
Меѓудругото адвокатите побара изземање и на шефицата на ова обвинителство како единствен овластен тужител во постапките, но судијката Марија Клетничка појасни дека за изземањето на Јанева нема надлежен орган.. Адвокатот Миланов во изјава за медиумите рече дека правосудните институции треба да изнајдат решение за да нема недопирливи.
“ Да се најде модус и да се најде кој ќе одлучува затоа што ако нема недопирливи тоа значи дека нема некој за кој нема кој да одлучува. Кој че одлучува ? Нека најдат институциите правосоудни тоа не е мое тие треба да одлучат а моето разбирање или сфаќање е дека тоа е Советот на Јавните обвинители или Собранието или пореално Собранието врз основа на предлог на Советот на Јавните обвинители. “-Еленко Миланов– Адвокат на Исмет Гури.
Денешното барање на одбраната доаѓа откако во четвртокот во СЈО по наредба на Јанева, полициското обезбедување при влез и излез ги претресувало вработените во институцијата , меѓу кои и обвинителката Фетаи. Таа револтирана од оваа наредба бурно изреагирала, ја плукнала безбедносната камера, која е поврзана со канцеларијата на шефицата, а потоа за истото ги извести и медиумите. Воедно, таа рече дека Јанева на колегиум минатата недела им кажала на обвинителите дека е злоупотребена и доколку не ја бранат и тие ќе пропаднат заедно со неа.
Фетаи денеска не сакаше да ги коментира овие настани и актуелните случувања за аферата “Рекет”.
Случајот „Титаник 3″ е пред самиот финиш, а обвинетите Аљими и Гури се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.