ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Катастрофа во Тетово: Машината за реаминација ја приклучиле на ист штеќер со полначи за мобилни телефони

Како што и претходно се пишуваше во медиумите, запален продолжен кабел бил причината за избивањето на катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово. Причина за првичниот оган кој потоа предизвика катастрофа било приклучувањето на дефибрилатор (уред кој предизвикува силен струен удар за реанимација на пациенти) преку продолжен кабел. Веројатно продолжниот кабел бил со послаб капацитет а дефибрилаторот влечел голема количина струја и кабелот едноставно се запалил. Огнот избил во штеќерот каде што бил приклучен кабелот. Потоа, големата количина на кислород во воздухот си го сторил своето. Од иницијалниот оган пожарот брзо го зафатил целиот објект. Покрај дефрбрилаторот на истиот продолжен кабел бил приклучен и полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

По воочена појава на пламен, пишуваат од Обвинителството, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар.  Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период. – стои во соопштението на Обвинителството.

Останува нејасно, како е можно дефибрилатор да се вклучува на продолжен кабел чии капацитети не се познати. Со оглед на тоа што модуларната болница е градена со специјална намена за лекување на ковид пациенти, нејасно е како никој не предвидел дека на пациентите во итни случаи ќе им биде потребен дефибрилатор и зошто за оваа машина не е направен посебен приклучок на струја во секоја од собите имајќи предвид дека е голем потрошувач на електрична енергија.
Одговорите на овие прашања треба да ги даде истрагата која се уште е во тек.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.