ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Караџовски: Состојбата е несигурна

Епидемиолошката состојба е неповолна и несигурна. Ако не се воведат мерките, ќе има колапс на медицинскиот кадар кој се уште е функционален. Има два клучни момента зошто сега се носат овие мерки – ова не е истиот вирус што го имавме во ноември и поради кумулативниот број на хоспитализирани болни и лица што беа позитивни се разликува во однос на ноември, рече претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски.

– Тогаш имавме од 800 до 1000 случаи дневно и бевме способни да ги изменаџираме, но сега состојбата не е таква. Во последните три недели се случува бум во бројот на позитивни случаи, односно просечниот број позитивни се движи од 1200 до 1300, сме имале и 1400 и 1500, во сабота и недела, обично кога бројките не се релевантни сме имале и 600 и 700 случаи. Се насобраа, кумулираа, огромен број случаи и за краток период од две до три недели се наполнија болниците, рече Караџовски.

Од воведените мерки се очекува, рече, во период од 14 дена да се растоварат здравствените работници и да му се овозможи на МЗ да обезбеди нови капацитети, а оние што се реновираат и им се поставува довод за кислород – да може да бидат завршени, а исто така и да се обезбедат поголем број вакцини.

– Сите овие мерки ги правиме за да спречиме зголемување на бројот кој лани ни се одрази во моментот кога имавме и Рамазан Бајрам, и кога имавме Велигден, рече Караџовски, апелирајќи мерките да се почитуваат.

Оцени дека во моментов сме „кон неповолна состојба”, зашто на цела територија имаме распространето ширење на вирусот, но, рече, не би ја оценил како катсрофална состојба, зашто се уште се менаџира и се уште има здравствени капацитети за хоспитализација.

-Не можеме во шест месеци да направиме нов кадар. Нам проблем во моментов ни е медицинскиот персонал, иако успешно се менаџираат сите случаи и ниеден пациент не е оставен да страда и да не биде хоспитализиран. Меѓутоа, здравствените работници се преморени, се уште се функцонални, но не знаеме до кога. Доколку дозволиме да не се спроведат мерките, ќе се соочиме со евентуален колапс на здравствената состојба медицинскиот персонал, истакна Караџовски на прес-конференцијата.

Комисијата ги анализира податоците на неделно и двонеделно ниво и за сите отстапки министерот е информиран. Зошто претходно, минатата недела, не биле донесени мерките, тој одговори дека ја анализираат состојбата и не носат ад хок одлуки, од денес за утре. Од пред две недели состојбата не е иста и може да се смени за 24 часа, рече претседателот на Комисијата и дополни дека се сменил кумулативниот број на заразени, хоспитализирани и починати.

-Различна е епидемиолошката состојба. Сега кога е пикот очекуваме бројот на заболени да се зголеми енормно и мерките се носат за здравствениот систем да може да ги апсорбира, рече Караџовски, посочувајќи дека за разлика од првиот бран – ланската пролет, и вториот бран во ноември, сега има британски сој кој забрзано се пренесува. Ако инкубацијата порано беше 5,7 дена, сега е меѓу 3 и 5 дена, има тешки форми на болеста и се прават од 3400-4500 тестови.

Додаде дека епидемилошката состојба, како во Европа и во светот, се анализира на недела и на две недели и дека за разлика од пред една недела кога биле 12 000, сега се над 21 000 активни случаи. На ниво на држава за овие две недели е зголемен за 26 проценти бројот на позитивни и хоспитализации. Соопшти дека пет градови се критични – поради инфраструктура и заморен медицински персонал. Факторот на прнеосливост Р0 не е ист во цела држава и најголем проблем, рече, е Битола каде Р0 е 1,48, потоа е Куманово со 1,18, Тетово има нешто над 1 Р0, а Скопје првпат е под 1, т.е. 0,99.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.