ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Каракачанов со нова провокација: На Европското првенство навивам за вториот тим на бугарската држава

Ако нашата репрезентација не може да се пласира на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација на Бугарија, рече поранешниот министер за одбрана на Бугарија.Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во ТВ-емисијата „Бугарија 24“ призна дека е навивач на македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал.– Секако, затоа што тоа е репрезентација на другата бугарска држава. Факт е дека Заев и другите политичари не сакаат да ја признаат историската вистина, но на крајот тие се наши сонародници. И, ако нашата репрезентација не може да се пласира на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација на Бугарија. А, за кого треба да навивам, за Турција ли? – иронично одговори Каракачанов.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.