Каракачанов: Скопје не го почитува целиот Договор за добрососедство, не само членот 2

„Од потпишувањето на Договорот за добрососедство на 1 август 2017 година, позицијата на Бугарија е многу јасна. Тоа беше потврдено на многу јасен и дефинитивен начин со Рамковниот став од 9 октомври минатата година и беше одобренo едногласно од бугарскиот парламент. Затоа не можеме да се поместиме од позицијата што е одлука на бугарскиот парламент“, изјавил вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов за „bntnews.bg“, коментирајќи го ставот на Бугарија за текот на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.
„За жал, колегите од Скопје ја потценија ситуацијата, се потпреа на некој друг дека ќе ја заврши работата и дека Бугарија, како и секогаш, ќе направи отстапки во име на добрите односи, дека имаме некои братски чувства. Овој пат, сепак, нема каде да се откажеме и нема потреба да се откажуваме, бидејќи практиката покажува дека добрите намери не се споделуваат“, напоменал Каракачанов.
Коментирајќи ја изјавата на премиерот Заев дека Бугарија го прекршила договорот, Каракачанов вели дека ова само му дава до знаење дека премиерот и повеќето министри јасно не ги читаат документите што ги потпишале.
„Членот 2 јасно кажува дека Бугарија ќе ја поддржи Македонија во исполнувањето на критериумите. Еден од критериумите е да се решат билатералните прашања со соседите, но тие очигледно не сакаат. Не само членот 2, туку и целиот Договор не го почитува Скопје“, смета Каракачанов.