ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Каракачанов омекнат, го фали Заев

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов го пофали премиерот Зоран Заев дека кажал работи што во Македонија многу граѓани ги мислат, но немаат храброст да ги кажат. Каракачанов утрово се приклучи на интервјуто што го даваше премиерот Заев на Канал 77 и зборувајќи со помирен тон отколку во претходниот период и без навреди рече дека останува на своите ставови кои не ги сменил со децении.

Заев ги поздрави внимателните зборови на Каракачанов и ги нарече „речник на пријателство“.

– Знам дека Каракачанов и Борисов се за пријателство со Македонија, Каракачанов еве нема проблем и тука да зборува за македонски народ и јазик. Јас ги разбирам потребите на Бугарија дека треба да се утврдат историските факти и низ духот на пријателството тоа да се утврди и да се гради врз основа на нив иднината. Се надевам дека се уште постојат шанси да изнајдеме решение и Бугарија да ја подржи Македонија за одржување на првата меѓувладина конференција. Имаме акционен план и одредени протоколи за кои разговараат двете МНР и верувам дека сето тоа низ акциониот план или патната карта, како што се нарекува во Бугарија, е одлична основа, со рокови и деталји, да ги решаваме позабрзано отворените прашања. Ние можеме да бидеме многу поблиски народи и многу поблиски држави. Каракачанов имаше убав дипломатски однос во своето обраќање и ред е да возвратам така – рече на крајот Заев, по забелешката дека очигледно му простил за навредата „дека како на сите Бугари и на Заев акалот му доаѓа следниот ден“.

– Ние сме пријатели, знаеме и во Струмица и во Софија и во Скопје да пиеме по една ракија, кафе или чај и низ пријателски разговор да најдеме решение и верувам дека треба така да продолжиме. И, да не се донесе сега одлуката, треба да ги оставиме вратите отворени – додаде Заев.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.