ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Каракачанов: Од четвртокот никој од Скопје ни се нема јавено!

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, за БНР откри дека ниту тој, ниту неговата колешка Екатерина Захариева, од четвртокот немаат добиено никаква повратна информација од властите во Скопје, како одговор на понудата за анекс на Договорот за добрососедство.

– Минатиот вторник имавме средба со премиерот Зоран Заев и со дел од македонските министри, а уште наредниот ден одржавме онлајн конференција. Ние тогаш ги испративме барањата за анекс кон постоечкиот Договор, но од четвртокот па наваму немаме никаква вест од Скопје, па оттаму е се поизвесно дека Бугарија нема да дозволи одржување на првата Меѓувладина конференција во декември, изјави Каракачанов.

Тој додаде дека Бугарија ќе го поддржува евроинтегративниот пат на Македонија, но откако земјата ќе го исполни Договорот од 2017 година. Одговарајќи на прашањето за евентуално руско влијание за ваквата одлука, тој вели дека станува збор за „глупости“.

– Напротив, веќе 80 години властите во Скопје водат коминтерновска политика, тврдејќи дека се посебна нација што нема ништо бугарско и присвојуваат бугарски национални херои. Кој води руско-коминтерновска политика кога гледаме дека градоначалникот на Скопје прави тура со зданија на Тито?, истакна бугарскиот вицепремиер.

Според Каракачанов ако крадењето на историјата и говорот на омраза од страна на Македонија влезат во Европската унија, тогаш во Унијата ќе се внесе голем проблем, па дури и за националната безбедност.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.