ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Каракачанов не влезе во бугарското Собрание, ама „победи“ во Македонија

Со 96 освоени гласови на гласачките места во Македонија, односно 37,21 отсто од гласовите, коалицијата Бугарски патриоти, предводена од ВМРО-БНД и Красимир Каракачанов, победи на гласањето на бугарските граѓани во земјава.

На гласањето во Македонија второпласирана е ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов со освоени 24,03 отсто, или 62 гласа, а партијата Има таков народ на Слави Трифонов, која победи убедливо речиси секаде во дијаспората, во Македонија освои само 8,53 отсто, или 22 гласа.

Сепак, Каракачанов кој беше вицепремиер и министер за одбрана во претходната бугарска влада на вчерашните парламентарни избори во бугарија освои само 3,2 отсто од гласовите и не успеа да го достигне прагот од 4 проценти, неопходен за влез во парламентот.

Коалицијата Бугарски патриоти, предводена од ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, на вчерашните парламентарни избори во Бугарија освои 3,2 отсто од гласовите и не успеа да го надмине прагот од 4 отсто за влез во собранието.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.