ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Каракачанов: Македонија сака поддршка од Бугарија, а потоа да ни забодат нож во грб како благодарност

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во утринско гостување за БТВ изјави дека Македонија не го почитува Договорот за добрососедство и дека влез во Европската унија не може да очекува без решавање на спорните билатерални прашања.

„Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат“, вели Каракачанов.

Според него, македонските Влади започнувале конфликти со земјите од целиот регион.

„Прво почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, скандалите со Бугарија – и тоа цели 28 години. Од оваа причина, некои Бугари доаѓаат од Македонија и земаат бугарско државјанство“, вели Каракачанов.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.