ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Каракачанов вели дека Борисов фаќал кривини во спорот со Македонија

Красимир Каракачанов, поранешен вицепремиер, утрово на телевизијата бТВ, го нападна eкс премиерот Бојко Борисов и рече дека фаќал кривини во спорот со Македојија. 

Тој го критикуваше Борисов затоа што се обидел проблемот со блокадата на Македонија да го префрли врз службената влада. 

„Не ми се допаѓа што Борисов се обидува да го пренесе проблемот со политиката кон Северна Македонија на привремената влада. Вчера бевме заедно во владата и имавме цврст став, а сега тој се обидува да ја префрли топката со зборовите: владата може, но не сака. Не треба така“, изјави лидерот на бугарското ВМРО-БНД.

Тој му префрла на Борисов и што зборувал за „два народа“ и „две нации“ – иако самиот Заев наводно зборувал за еден народ.

Каракачанов рече дека трпеле силен притисок од неколку надворешно-политички фактори – Германија, САД, евробирократите. 

Aкo e нешто заедничко, тогаш не припаѓа само на едниот од двајцата, реагира академик Катица Ќулакова по најновите изјави на дел од бугарските политичари кои велат дека „Македонија е бугарска“. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.