ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Камчев: Гаранцијата од 14 милиони евра ми беше одбиена за да може Јанева и Стефанова да глодаат како хиени

По чантата „Луј Витон“, по разочарувањето дека Боки 13 немал завршено факултет, клучниот сведок Орце Камчев пред судот, во текот на своето сведочење зборуваше и за, како што рече, заканите и притисоците кои ги имал од Катица Јанева.

По големиот број наводи кои ги спомена во своето сведочење, Камчев зборуваше и за денот пред спроведувањето во притвор во Истражниот затвор во Шутка бил на сослушување во СЈО. Таму како што тврдеше во текот на своето сведочење, Катица Јанева во собата за испитување му се обратила со зборовите: „Тоа со Бојан што се договоривте да го завршиш“. Долгото сведочење пред судот кое се уште е во тек Камчев го започна со тоа дека бил известен од адвокатот Васил Димишков (брат на судијката Весна Димишкова која му ја определи мерката притвор и која беше повикана во Обвинителството за втората отворена постапка за „Рекет“), кој му кажал дека од август 2018 година е под ПИ мерки. Димишков средбата со Камчев ја побарал преку директор на некоја банка. Понудата, според неговото сведочење била дека ако соработува и ако даде 100 илјади евра може да има корист. Овде добил листа на понуди за секоја ублажена правна мерка која сака да ја добие и сума на пари која би одговарала со мерката. По ова Камчев спомена и средба во „Сушико“ со неговиот тогашен соработник Зоран Милевски-Кичеец за реклама во 1ТВ и соработка со Бојан Јовановски, но како што рече, понудата не му одговарала.

Во продолжение на серијата понуди кои ги споменуваше кажа и за бизнис понуда која ја добил од Јовановски, која чинела 2 милиони евра, која се однесувала на бизнис центар, а а на која понуда потписник бил синот на Катица Јанева, Лазар Јанев. Појаснувањето на Камчев за оваа понуда пред судот  беше дека е тој бизнисмен кој работи 30 години и кој добро ги знае работите, а овде одговорил дека не бил заинтересиран, бидејќи, како што рече, се работело за лажен договор.

Втората понуда која ја добил од Јовановски се однесувала на проект за старски дом во Карпош, а на состанокот на кој ја добил оваа понуда Камчев рече дека присутни биле Јовановски, неговата директорка Јасна Мандиќ и уште едно машко лице.

„И за оваа понуда го откачив и беше многу налутен. Добив препорака дека треба да соработувам со него, бидејќи тој имал медиум и можел да направи лоша реклама за мојот бизнис. Му платив 170.000 евра преку Систина и ОРКА за заштита од конкуренција. За ваква реклама тој бараше 200.000 евра, а за овие исплатени 170.000 евра имам фактури кои се доставени до обвинителството. Не му ги задоволив желбите во врска со бизнис проектите кои што ги бараше и по ова тој и обвинителката ми пуштија слика по Инстаграм со образложение дека се спрема нешто големо“, рече во своето сведочење Камчев.

Подолу во сведочењето пред судот, тој, набројувајќи ги понудите во врска со рекетирањето за кое зборуваше ја спомена и обвинителката Лиле Стефанова и бизнисменот Ванчо Чифлиганец и рече дека со нив разговарал и се сретнал во станот на обвинителката. Тоа било трето барање за рекет, кое, како што рече Камчев, го одбил и дополни дека ќе докаже дека не бил крив, дека бил изложен на класичен рекет и за тоа, како што рече, имал докази. На 1 јануари 2018 година била отворена истрагата за „Империја“, а трите одбиени понуди, односно онаа од Димишков, бизнис понудите од Јовановски и последната од Чифлиганец и Стефанова биле вовед во отворањето на случајот „Империја“. По сето ова Камчев тврди дека завршил неосновано во притвор и дека од повие дејствија кои ги презеле погоре споменатите лица трпеле 30 илјади семејства кои биле вработени во неговите фирми, а тој бил чесен плаќач на данок, лојален граѓанин кој ја сака својата држава и личност која на крајот се изненадила од, како што рече, вака конструираниот монструозен чин.

„Почнаа да отвораат предмети стари и по 18 години кои претходно беа затворени од реномирани обвинители и тоа е срамно. И додека бев во притвор немав како да потпишам плата ниту набавки за потребите на пациентите, чекав по 30 дена  за да ми дадат одобрение и не можеше да работи компанијата. Видов дека е дојден нож до коска и дека нема правда и сфатив дека се работи за силеџиство. Почнав со гаранција од 14 милиони евра за да може да добијам барем куќен притвор и за д  можам да обезбедам функционирање на компанијата. Ова е најголемата и највисока гаранција која кое било лице досега ја дало за да добие поблага мерка, но таа беше одбиена, со образложение дека се работи за хипотеки“, рече Камчев.

Во понатамошниот тек на сведочењето, појаснувајќи ја постапката за „Империја“, која според него е измислена, ја спомена и неговата сопруга Ана Камчева. За неа тој рече дека добил телефонски повик дека ѝ била договарана средба со Димишков, иако е, како што рече, сама мајка со две деца, со кола била однесена на тајна локација, во стан за кој, како што рече Камчев, од Димишков добила образложение дека е наменет за специјални клиенти. Образложението кое го добила овде било дека за да му помогне на нејзиниот сопруг треба да даде 2, 4 или 6 милини евра.

„Расплакана Ана си заминала од средбата и по ова следувала уште една средба со Боки 1. Тој ѝ кажал дека има влијание и може да помогне. Неговата моќ беше страшна, ѝ дал образложение дека може да се отворат уште најмалку 3-4 предмети со мене. Обвинителката во овој случај парите од мојата сопруга ги барале преку Бојан. 350.000 евра беа спакувани во кутија за кондури и ѝ беа предадени на госпожата“, рече пред судот Камчев.

Според него, во оваа ситуација тој бил подреден бидејќи во очите на јавноста Јанева била Чарлиевиот ангел, а тој бил криминалец, а Јовановски многу моќен. Во овој дел од сведочењето од него беше побарано да појасни зошто кога понудил толку голема гаранција за да му биде укинат притворот имало потреба некој да го уценува и да му бара дополнителна сума на пари за определување поблага мерка. На ова Камчев беше дециден дека таа чиста гаранција од 14 милиони евра која тој ја дал била одбиена, за да може Јанева и Стефанова, како што рече, да глодаат како хиени.  

По ова адвокатот Дуковски рече дека се работи за точка 2, односно влијание на сведоци, а не се работи за хиенски причини. 

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.