КАКО ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ БРОИ ГОСТИ, БЕЗ ДА СЕ ПОВРЕДИ ПРИВАТНОСТА НА ДОМОТ?

Полицијата не смее да ви влезе дома освен ако судија не му издаде таква наредба. Според Уставот на Република Македонија тоа може да се случи само ако постои сомнение дека е извршено кривично дело но и ако станува збор за заштита на здравјето на граѓаните.
Уставното нечело за неповредливост на домот нема алтернатива и мора да биде почитувано, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако јавноста се крена на нозе по одлуката на Комисијата за заштита од заразни болести да и предложи на Владата да донесе забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови, и групирање на јавни простори по 22 часот, како и забрана за примање на повеќе од четворица гости од друго семејство. Сепак, вели Спасовски ако е тоа потребно полицијата има соодветни механизми на котрола но и контрола на нивното спроведување.
Поранешниот претседател на Апелацискиот суд Скопје, Јордан Митриновски вели дека како и за другите основи така и за заштитата на јавното здравје мора да биде запазена процедурата иако, во сложени ситуации како што е оваа со пандемијата на коронавирусот може да има и исклучоци.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако Владата ја одобри мерката предложена од, како што велат, партиската здравствената комисија, тогаш тоа ќе значи брутално газење на Уставот. А ако ја одбие, тогаш Филипче и Владата треба да побараат одговорност од комисијата и да ја разрешат.
Меѓу мерките кои вчера Комисијата за заштита од заразни болести и’ ги предлжи на Владата се забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови, и групирање на јавни простори по 22 часот како и забрана за примање на повеќе од четири гости од различно семејство.
Од Владата за ТВ 24 информираат дека седницата на која што ќе се разгледува ова прашање не е закажана а следната наредната седница на владата треба да се одржи во вторник, термин вообичаен за одржување на владините седници.