КАКВА СУДБИНА ЌЕ ИМА ДЕНАРОТ: За 20 години ќе има само пет валути
Во моментов постојат над сто валути, но наскоро повеќето од нив ќе бидат историја. За дваесетина години ќе ги има само пет или шест, смета министерот за економија на Бразил, Пауло Гуедеш кој зборуваше на Светскиот економски форум.
„Ако ја земете в предвид политичката и економската димензија, за 20 или 30 години би имале пет, шест валути“, вели тој.
Еврото како заедничка валута на земјите од Европската Унија постои веќе 20години, а според познавачите овој концепт ги помести разбирањата за валутите и врзувањето со национални карактеристики. Се смета дека единствена валута им го олеснува животот и на граѓаните и на бизнисот.
Развојот на заеднички валути во различни земји може да им помогне на економиите да ја намалат нивната зависност од американскиот долар.