ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Каква економска година ја очекува Македонија? Можно ли е остварување на предвидениот раст?

Спласнува оптимизимот на Светската банка. Во најновиот извештај прогнозите за оваа година се полоши од претходните. Банката остава простор и за дополнително влошување ако ситуацијата со КОВИД не се стабилизира или ако процесот на вакцинација не забрза.

И за земјава прокецијата на СБ е попесимистичка од таа на Владата. 2021 година според експертите од Вашингтон земјава ќе ја заврши со раст од 3,6% по ланската рецесија, Владата со буџетот проектираше раст од над 4%.

Домашните експерти исто така прогнозираат повисок раст, но предупредуваат дека се ќе зависи од процесот на вакцинација. Ако масовното вакцинирање ќе почне до март и 2021 ќе биде изгубена економска година.

И стопанствениците чекаат ефект од вакцините. Од тоа ќе зависи колку брзо ќе почне опоравувањето.

Прогнозите на Владата се дека економскиот раст ќе забрза во втората половина од годината. А следниот период ќе биде стабилен. Според среднорочната стратегија на власта, до 2025 година, БДП ќе стигне до 5,9%.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.